Додека целата јавност го осудува вчерашниот инцидент во Чаир, каде беше извршено насилство врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, единствено Мицкоски го одобрува – реагираат од опозициската СДСМ по денешните прозивки од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од каде соопштија дека само СДСМ и бугарските политичари застанале во одбрана на Данела Арсовска.
Од СДСМ велат дека како и досега, кога се соочува со критика, премиерот ја обвинува СДСМ и креира нови поделби, со што признава дека го одобрува насилството, а како што велат од опозицијата и можеби директно стои зад насилниците.
Мицкоски е познат по заканите и тоа не би било воопшто чудно. ВМРО-ДПМНЕ јасно порача: секој кој ќе се дрзне да го открие криминалот на оваа Влада ќе се соочи со закана и заплашување.
Се враќа ВМРО-МВРО на голема врата, но Мицкоски треба да знае дека таков систем граѓаните еднаш поразија и ќе го поразат повторно. Нема место за нов режим во нашето општество. Целата јавност го осуди инцидентот во кој беше извршено насилство врз градоначалничката на Скопје, само Мицкоски го одобрува. Како и во сите досегашни ситуации кога се соочува со критика, Мицкоски ја обвинува СДСМ и креира нови поделби, велат од СДСМ.