Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ, ДУИ и Левица ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за падот на медиумската слобода – тие, пак, вината ја гледаат во лажните вести

0
By Marija Todorovska on May 2, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Репортери без граници“ според Индексот за слобода на медиумите ја рангираа Македонија на 42. место што е пад  од шест места во однос на лани кога беше 36-та.

Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ, велат од СДСМ.

СДСМ сметаат дека „наместо да работат на унапредување на демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ се враќа на старите методи на контрола, притисоци и страв“.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се ставаат под притисок, а медиумскиот простор се затвора. Оваа тенденција повторно се потврдува, потенцираат од партијата.

ДУИ пак сметаат дека падот на слободата на медиумите претставува сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување и односот кон критичкото мислење во земјава.

Наместо да гарантира институционална независност, Владата избра да го продлабочи клиентелизмот преку нови механизми за влијание, вклучително и рекламирање на јавните институции во приватни медиуми, што повторно го отвора прашањето за транспарентност и фер третман на медиумската сфера. ДУИ ја потсетува Владата дека односот кон медиумите е директен одраз на зрелоста на една демократија, се вели во соопштението.

Од Левица велат дека „само шест месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година беа доволни за Македонија да падне за шест места на Индексот за слобода на медиумите“.

Во индексот на Репортери без граници се наведува дека „владините функционери имаат тенденција на лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, како и работа на новинарите во лошо и непријателско опкружување. Состојба, која потсетува на односот на државата кон медиумите од времето на груевизмот, кога државата беше најлошо рангирана на овој индекс помеѓу европските земји, се вели во соопштението за јавноста на Левица.

Поради егзистенционална закана (зависност), објективното и слободно информирање е негова прва жртва. Доведувањето во ваква положба на медиумите е алатка на ВМРО-ДПМНЕ преку која обезбедува загушување на секоја критика кон нивното режимско владеење, сметаат од Левица.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, сметаат дека ова се должи главно на ширење на лажни вести и дезинформации, а „главна фабрика“ според нив е СДСМ и Венко Филипче.

Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференција. Тие тврдат дека министри давале неколку илјади евра за ручеци, а во суштина и институциите демантираа кажувајќи дека се работи за исплати кон ресторански оператор за услуги за храна кои ги користат и плаќаат вработените од министерствата. Борбата против лажните вести е заедничка одговорност на сите општествени фактори. Потсетуваме дека СДС е главниот финансер и мецена на лажните вести и тој полусвет кој оваа партија го одржува. Тоа е последица и на отсуството на политики и предлози кои ќе бидат конструктивен фактор во општеството. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал, велат од ДПМНЕ.

ВМРО ДУИ Левица медиуми Репортери без граници СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.