Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Ги откривме криминалните тендери, затоа ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја урива партијата одвнатре

0
By Zoran Ivanov on December 27, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 27, 2025 10:26

СДСМ тврди дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ започнала „организирана и координирана операција“ за уривање на партијата одвнатре, откако Антикорупцискиот тим на СДСМ започнал јавно да објавува информации за, како што наведуваат, криминални тендери и коруптивни зделки поврзани со актуелната власт.

Во момент кога преку Антикорупцискиот тим систематски ги отвораме и разобличуваме криминалните тендери, коруптивните зделки и предавствата на актуелната власт, ВМРО активираше координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, соопштија од партијата.

Од СДСМ наведуваат дека нападите кон партијата не постоеле во изминатата година и половина, туку, според нив, започнале токму по објавувањето на конкретни случаи и новата платформа за борба против криминалот и корупцијата.

Како примери, од партијата посочуваат на 161 тендер доделени на една фирма во вкупна вредност од 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, како и „милионски тендери за студент на Мицкоски за само два месеци“.

Затоа ВМРО сака да ја урива СДСМ одвнатре, се наведува во соопштението.

Според СДСМ, станува збор за „синхронизирана акција“ во која, како што тврдат, се вклучени поранешни функционери, лица кои подолг период не биле присутни во јавноста, како и поединци кои ја напуштиле партијата и се приклучиле на структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Од СДСМ порачуваат дека нема да се откажат од објавувањето на, како што велат, сите информации поврзани со криминал и корупција.

СДСМ нема да биде замолчена. Антикорупцискиот тим продолжува со работа, а на дигиталната платформа МИЦКО.мк секојдневно пристигнуваат нови пријави од граѓаните, наведуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека „вистината веќе излегла на виделина“ и дека секој кој е вмешан во криминал и корупција ќе сноси одговорност.

 

ДПМНЕ руши СДСМ тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.