СДСМ најостро го осудува инцидентот во којшто е пукано во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

„Недозволиво е употреба на оружје и посегнување по нечиј живот, од која било причина, какви што се првичните информации за случајот. Повикуваме на институционално решавање на проблемите. Очекуваме надлежните органи целосно да го расветлат инцидентот“, пишува во соопштението од СДСМ.