Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Гответе со Мицкоски – рецепт за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 3, 2025 12:08

Гответе со Мицкоски, РЕЦЕПТ за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ: Долго готвена ИПАРД каша.

За оваа лага ви се потребни:

Зоран Заев – 1
Венко Филипче – 1

СДСМ поранешен министер – еден прстофат.

И пар роднини од Заев, по можност браќа, братучеди, море било кој.

Како ја подготвуваме оваа лага:

Еден Заев.

Е сега, бидејќи Заев е жилав, мора долго да се динста. Дури и 5 години откако е во политичка пензија, можеби ќе треба и повеќе. Сепак, го туна режимот, со години беше за продолжување на патот кон ЕУ и уште ја внесе Македонија во НАТО. Тоа бара повеќегодишно динстање со лаги.

Еден Венко. Тука е дополнителен проблем. Тој е прилично нов и свеж, па мора да се измеша со нешто долго динстано. На пример, Заев, кого претходно сте го маринирале.
Ја добивте основата. Сега одат додатоците. Најдобро е да додадете неколкумина од семејството Заев. Одлично се сложуваат со Зоран, а и нив претходно сте ги динстале, па низ цедалка сте ги пропуштале, сега како зеленчук усогласете ги со Венко.

Сега сте веќе близу крајот, но не заборавајте уште некој министер. Одлично се сложува со сево ова. Најдете некој поранешен министер, нормално од СДСМ градината, и доволен е еден прстофат. Ова дава посебен шмек!

Некој ќе рече не оди баш тоа… само кажете: прво пробајте, па потоа кажете.

Сега стигнавме до крајот со состојките. Сега е важно многу да мешате, секојдневно и долго, за да не изгори. Многу лаги има тука, може дното да се фати.
Гответе го ова на тивок оган додека не се приближат изборите. Потоа засилете на максимум.

Многу е важно да мешате многу и долго, додека на граѓаните не им се заврти во глава. Кога сивата маса ќе стане каша, немојте да престанете, продолжете повторно силно.
Оваа постапка можете да ја повторувате колку што мислите дека е потребно или додека состојките не се стопат.

Тоа е тоа!

Кашата е готова.

Пријатно!

Тоа ви е накратко врвниот рецепт од кујната на ВМРО ДПМНЕ за лаги.

Пробајте, се подготвува веќе со години. Оваа каша стана специјалитет во Македонија.

Ако не знаете сами, секогаш можете да го најдете главниот готвач или некој од помошниците од кујната на ВМРО.

ВМРО има многу добри готвачи.

Учеа од најдобриот шеф Груевски. Носител на 5 ѕвезди за кражба.

БОНУС
(Секој рецепт има и мали тајни)

Мали тајни на големите готвачи на лаги.

Никому не кажувај.

Еве ја тајната за овој рецепт:

ИПАРД е фонд на ЕУ.

Парите се чисто од буџетот на ЕУ.

Мерка 1 (М1): Инвестиции во земјоделски стопанства (на пр. купување трактори, механизација, изградба на објекти, подобрување на продуктивноста и усогласување со ЕУ стандардите за животна средина, здравје и добросостојба на животните).

Се добиваат како рефундација откако вие ќе ги вложите своите пари и ќе докажете дека сè е направено според правилата на ЕУ.

Правилата на ЕУ се многу ригорозни, па кога некој ќе злоупотреби, може да одговара.

На пр. Директорот, Панкерот и кумовските врски на Мицкоски.

Е сега кога е криза, бидејќи полека ЕУ дознава за твоите мали тајни, тогаш го апсиш некој поркај „кумот“ за да не настрадаш ти.

Наскоро уште нови рецепти од Белата палата и кујната за лаги!

Голем кулинарски поздрав со повикот: ВМРО-ДПМНЕ ЛАЖЕ!

А што народот вели: кој лаже, тој и краде! – стои во „рецептот на СДСМ“ објавен преку партско соопштение.

гответе Лаги Мицкоски рецепт СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.