Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: И на 1-ви Мај и на секој друг ден, ние сме со работниците

0
By Zoran Ivanov on April 30, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ денеска преку соопштение изрази цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Овој протест е гласот на работниците кои бараат повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на своите права. Тоа е борба за достоинство и правда, борба која ја поддржуваме безрезервно. Како партија која секогаш била со работниците, СДСМ гордо стои зад своите постигнувања како зголемување на минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари, зголемување на просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари, воспоставување на систем за усогласување на платите со трошоците на животот. СДСМ беше и остана единствена партија која сите политики за работниците ги носеше со нив и за нив. Денес, сведоци сме на влада која ги игнорира потребите на работниците. Минималната плата стагнира, просечната плата не расте, а колективните договори не се почитуваат. Вработените во јавниот сектор се дискриминирани, дури и редовните плати не се исплаќаат навремено. Ова е неприфатливо и недостојно, велат од опозициската партија.

СДСМ верува во социјалната правда и достоинството на трудот. Тие се постулатите на нашето делување и нашите политики. Ние сме со работниците, не само на 1 Мај, туку секој ден. Ќе продолжиме да се бориме за политики кои обезбедуваат фер плати, сигурни работни места и почитување на работничките права. На овој 1-ви Мај, СДСМ стои рамо до рамо со работниците. Заедно, ќе изградиме општество каде трудот се вреднува, а правдата и достоинството се основа на нашата заедница, порачув СДСМ.

 

поддршка работници СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.