Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Исплатени околу 750 милиони денари по повеќе основи за различни категории земјоделци, грижата за сите продолжува

0
By Mirjana on December 26, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 26, 2021 19:17
Изминатава недела ја заокружуваме со големи активности во земјоделскиот сектор.Го подмладуваме човечкиот капацитет во земјоделството. На 50 млади луѓе од сите региони на државата им беа доделени договори за финансиска поддршка во форма на грантови за започнување со земјоделска дејност. Од нив, 22 се жени.
Овие млади лица ќе имаат можност да ги спроведат деловните планови со кои аплицирале на јавниот повик и да инвестираат во опрема за преработка, пост- бербени активности и земјоделска механизација. Би сакал да им честитам и да им посакам многу успех. Владата предводена од СДСМ е силно посветена на развојот на младите во руралните средини. Ваквиот тип на поддршка, продолжува и во новата 2022 година.
За нашата посветеност, говори реализацијата на мерките за финансиска поддршка во земјоделството. Само во изминатата недела по повеќе основи беа исплатени околу 750 милиони денари и тоа: На сметките на околу 6.500 млекопроизводители се исплатени над  220.000.000 денари како дополнителни плаќања од 3.5 денари / литар за предадено кравјо млеко, односно 4.5 денари / литар за предадено овчо и козјо млеко. На сметките на 7689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности. 63.6 милиони денарисе исплатени за предадени јагниња во кланичен капацитет. 8.5 милиони денари се исплатени на сметките на сите живинари кои имаат пријавено бројлери во кланични капацитети за периодот од мај 2019 – септември 2020 година.
Исплатена е поддршката за саден и семенски материјал и тоа – 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал.
27.2 милиони денари се исплатени за субјектите кои пријавиле дека имаат одгледани и продадени амортизирани несилки.
Владата продолжува со својата заложба за развој на органското производство. 778 сертифицирани органски производители ги добиваат заслужените субвенции во вкупна висина од 113 милиони денари.
На 7674 фармери и пчелари кои ги зголемиле своите основни стада, односно пчелни семејства се исплатени 39 милиони денари.
Сточарите кои задржале женско јаре / јагне се исплатени во износ од 1.6 милиони денари.
Ова е темпото со кое се работи во интерес на земјоделците.
Почитувани лозари, овоштари и оризари, наспроти сите лаги и шпекулации од кујните на опозицијата, изминатава недела се донесе уште една важна работа. Набрзо пристигнува и ветената поддршка од пакетот мерки за ублажување на последиците од КОВИД кризата. Изминатата недела, пратениците од парламентарното мнозинство го изгласаа Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.
Без ни да се потрудат да го сокријат лицемерието, пратениците на ВМРО ДПМНЕ и опозицијата, не гласаа за донесувањето на овој закон. Земјоделци, имајте го ова на ум следен пат кога ќе се обидат да ве изманипулираат.
2021 година ја бележиме како година со најсилна динамика во реализација на програмските мерки. Како последен прес за земјоделството во оваа 2021 година, од мое име, од името на сите членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, ви посакувам уште поуспешна, просперитетна и плодна нова година.
Земјоделие СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.