Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Како работат кујните на ДПМНЕ – ова е нивно разоткривање

0
By Zoran Ivanov on December 13, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 13, 2025 14:35

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека целосно ги разоткрил, како што велат, „кујните на ВМРО-ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации“, со кои, според партијата, системски се одвлекува вниманието на јавноста од актуелните скандали.

Од СДСМ наведуваат дека секогаш кога власта е соочена со сериозни обвинувања за криминал и корупција, како што е, според нив, договорот за мигранти склучен од финансиски интереси, се активира организирана медиумска кампања за дефокус и извртување на фактите.

Во изминатите две недели јавноста беше сведок на три клучни теми – антикорупциските објави на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинарите на Инфомакс. Додека професионалните медиуми известуваа балансирано, медиумските инсталации блиски до ДПМНЕ целосно ги игнорираа ставовите на СДСМ и негативните информации за власта, се наведува во соопштението.

Од партијата посочуваат дека само десет минути по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, започнала, како што велат, координирана кампања со идентични текстови исполнети со навреди и неточни тврдења.

Ниту еден збор не беше објавен за суштината на прес-конференцијата – за мигрантите, за Резолуцијата, ниту за јасната осуда на нападот врз новинарите, обвинуваат од СДСМ.

Според партијата, станува збор за веќе виден модел од времето на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кој вклучувал лажни вести, манипулации и притисоци врз медиумите, со цел, како што велат, да се сокрие вистината од граѓаните.

Од СДСМ додаваат дека анализите и графиконите кои ги презентирале, јасно ја покажуваат координацијата и организираноста на кампањата.

 

 

ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.