Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

0
By Zoran Ivanov on December 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 29, 2025 19:04

Дали граѓаните забележаа дека ВМРО и нивните соработници, коалициони партнери, петтоколонаши од ЗНАМ и останати не демантираат ниту едно соопштение на СДСМ?

Освен примената на препишувачката, ресавската, ќаци-школа во рамки на СНС кампањата „copy-paste“, диригирана од нивната централа, со сензационалистички таблоидни наслови како „Шокантно разоткривање“, тие не даваат одговори на поставените прашања.

Овие наслови што ВМРО ги користи за своите соопштенија, а Геро (новиот министер во сенка за пропаганда) за своите текстови, најдобро ја опишуваат нивната „таблоид акција“.

Она што сè уште не го знаат е дека тоа веќе не им поминува кај граѓаните. Сите веќе ги научија нивните лаги.

Дали сега на сите им е јасно дека никој од нив не обрнува внимание на доказите што досега ги презентираше АКТ?

Дали сега на сите им е јасна ДЕФОКУС кампањата што ја водат преку своите текстови?

Нивната тема повторно е виза за Дубаи и измислени згради!

Зошто нема одговори за наместените тендери?

Каде се одговорите на прашањето „мигранти за пари“?

Ги нема, затоа што би морале да признаат сè што објавивме. Наскоро ќе дојде ден кога на овие прашања ќе мора да дадат одговори – но тогаш во Обвинителството, стои во соопштението на СДСМ.

Она што секој граѓанин може сам да го провери онлајн е дека нема таков лет за Дубаи.

Сега, кога веќе сите граѓани знаат дека ги користат безбедносните служби за следење на претседателот на СДСМ, се поставува едно прашање:

Зошто не објават фотографии од Дубаи?

Ги нема!

Да објават, на пример, фотографии од авион за Дубаи?

Ги нема!

Чудно?

Не е чудно – затоа што ги нема!

Повеќе не можете да ги лажете граѓаните!

Разоткриени сте!

Вистината и правдата ќе победат!

Борбата започна и трае!

Сите ќе одговарате за криминал и корупција, стои во соопштението на СДСМ.

 

СДСМ соопштение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.