Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ најавува серијал со прес конференции: Крадењето мора да престане веднаш!

0
By Zoran Ivanov on November 30, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 30, 2025 10:17

СДСМ денеска ќе започне со серија прес конференции за, како што веклат од партијата, криминали на владата на Христијан Мицкоски.

Во најавата стои:

Целосно ќе ја разобличиме системската корупција, институционализираниот криминал и безмилосната пљачка на граѓаните што го спроведува власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето мора да престане, веднаш. А криминалците од власта да одговараат!

Ќе зборуваме со факти. Со документи. Со бројки. Со примери. За сите криминалци во власта.

Затоа што ова што се случува во Македонија е организиран грабеж, модел на државно ограбување, кој навлегол во секоја пора на системот за испумпување на парите на граѓаните.

Додека Владата тврди дека „нема пари“ за повисоки плати за работниците, нема пари за поголеми пензии, за исплата на породилно, поврат на ДДВ, преки криминални шеми и тендери ДПМНЕ испумпува милиони евра народни пари.

Моделот е едноставен, проѕирен и бесрамно повторуван: Едни исти фирми, основани преку ноќ, со двајца или тројца вработени, добиваат милионски државни тендери.

Истите фирми добиваат договори во владини институции и во општини каде што владее ДПМНЕ. На крај парите завршуваат во белата палата и во џебовите на врхушката на власт.

Корупцијата и криминалот ја јадат државата одвнатре. Институциите се разградуваат. Младите се иселуваат.

Затоа СДСМ упатува јасен, гласен и силен повик: Време е сите да се спротивставиме!

Упатyваме повик до сите граѓани да не молчат, да бидат гласни и активно да се спротивставиме на овој грабеж.

Невладините организации да го кренат гласот. Експертите, новинарите, академската заедница, сите да се вклучат во заедничката борба против ова зло кое ја гуши Македонија.

А инситуциите да делуваат, дека одговорност ќе има, кога тогаш! За сите!

Ова е надпартиска борба за државата, за системот, за иднината на секое семејство, велат од СДСМ.

 

ДПМНЕ конференции криминали прес СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.