Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ не оди на избори на 5 јуни ако не се исполнети условите

0
By Биљана Секуловска on April 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По поднесувањето оставки на министрите и замениците министри на СДСМ, следува нивен нов потег – доколку не се исполнети условите за избори на 5 јуни, СДСМ не оди на избори, изјавуваат за НОВА извори од оваа опозициска партија.

Кредибилноста на изборите зависи од пречистени избирачки списоци, одвојување на државата од партијата и медиумски реформи, додава изворот за НОВА. Сите овие предуслови се неопходни за фер и демократски услови, а во моментов сите очи се вперени во ДИК и нивната оценка во кој степен се пречистени списоците и дали постојат услови за одржување на избори на 5 јуни.

Што е однесува до медиумските реформи, Законот за медиуми беше отфрлен во Парламентот, односно предлогот на белгискиот посредник Питер Ванхауте, кој беше поддржан од СДСМ. Одвојувањето на државата од партијата воопшто не е започнато и очекувањата да се стави крај на ваквиот тип на владеење до 5 јуни се нереални.

Претседателот на Парламентот, Трајко Вељаноски, во телевизиско интервју пред два дена најави можност распишувањето и оддржувањето на изборите на петти јуни, да се одложи до 15 април, наместо на 7 април:

– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени.

Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.

Со ова практично, би се одложил целиот процес за една недела, во која надлежните институции треба конечно да се изјаснат дали целосно се исполнети условите за 5 јуни- доколку објават негативен одговор, опозициската СДСМ би ја потврдила својата одлука за бојкот на изборите во услови кога тие не би можело да се очекува да бидат фер и демократски.

 

 

 

 

избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.