Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Никола Гревски – будимпештански пишувач на бајки

0
By Zoran Ivanov on December 4, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 4, 2025 12:12

Никола Груевски, некогашниот „голем“ премиер на Македонија, човекот што така „мајсторски“ ја зави земјата во црнило, ја остави во безнадежност и сонуваше за изолација само за себе и за својата клика.

Парадоксално, нели?

Денес, тој „гениј“ сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија?

Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели „мудрости“ откако побегна од правдата.

Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше „Мерцедес“ од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција).

Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.

Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам (класика!), министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.

„Херој“? Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите.

Да не беше смешно ќе беше трагично. Но еве, смешно е. И тоа како.

Наместо да седи во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува „Будимпештански бајки за деца“, измислени приказни од чиста досада.

Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза.

Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!

И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени „Дубаи сказни за деца“, против оние што донесоа слобода за Македонија.

И го остави малиот Мицко (сега веќе пораснат, поминаа години) да го продолжува неговиот „славен“ пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?

Никола, наш црн Грујо, биди барем еднаш во животот маж и дојди во Скопје. Ќе ти приредиме убав пречек. Ќе има многу луѓе, ротации, протокол, лисици, сè на највисоко ниво, баш како што сакаш.

Смееш ли?

Или, можеби, си се навикнал на унгарски гулаш па не ти одговара македонско тваче гравче?

 

бајки Груевски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.