Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Нов Клинички центар е само уште една лага на Мицкоски и поигрување со народот

0
By Zoran Ivanov on June 12, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2026 15:00

Прес-конференција на Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор:

Уште една од низата лаги на Христијан Мицкоски денеска се распаѓа пред очите на јавноста.

Најболниот пример е токму новиот Клинички центар, кој не се изгради единствено поради
блокадите на ВМРО и Христијан Мицкоски.

Во 2021 година ВМРО- поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар.

До каде беа подготвени да одат кога беа во опозиција? Дотаму што рушеа проект кој требаше да лечи луѓе и да спасува животи.

Дотаму што политичките интереси ги ставија пред здравјето на граѓаните.

Секое семејство кое чекало преглед, секој пациент кој барал лекување, секој родител кој стравувал за здравјето на своето дете, ја плаќа цената поради Мицкоски и ВМРО.

И сега, истиот тој Мицкоски повторно ветува нов Клинички центар?

Но граѓаните веќе знаат дека кога Мицкоски ветува – следува нова лага. Лага врз лага.

Прво, локацијата што ја најавува е целосно несоодветна за изградба на толку голем и комплексен здравствен објект.

Дополнително, во непосредна близина на овој потег веќе се планирани други крупни инфраструктурни зафати, меѓу кои и нова зграда на АНБ на државно земјиште. Тоа значи дека просторот не може да издржи толку обемни инфраструктурни објекти.

Стручната јавност одамна укажува дека најсоодветна и најфункционална локација за нов Клинички центар е Ѓорче Петров.

Второ, се поставува сериозно прашање: по кој закон, во каква постапка и врз основа на каква одлука Владата директно преговара со приватни сопственици за отстапување земјиште?

Тоа во многу мириса на корупција, мириса на договори зад затворени врати.

Мириса на уште една голема измама на граѓаните заради бизнис-интересите на власта.

Но вистината секогаш излегува на виделина.

Клинички центар. Клиничка болница. Фотоволтаици. Милијарди евра инвестиции. Повисоки субвенции. Повисоки плати. Поевтин живот. Поништување на Преспанскиот договор.
Враќање на името. Сега предвремени избори.

Сè ова се покажа како лага.

Со лаги дојдоа на власт со лаги владеат.

Нема резултати, има само лажни ветувања. Сè ова поради изборите.

Затоа сега најавува железница, 10 милијарди евра инвестиции, инфраструктурни проекти, нов Клинички центар, енергетски проекти…

Сè се тоа невозможни мисии ставени во служба на замајување на јавноста и фрлање прашина во очите на граѓаните пред изборите.

 

клинички СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

ВЕСТИ June 12, 2026

Прва награда за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60.…

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.