Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Новата влада ќе го гасифицира Скопје

0
By Нова ТВ on December 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение најави дека новата влада ќе го гасифицира Скопје и дека некој ќе сноси последици за загадувањето. Од СДСМ велат дека крајно неодговорно е клиниките да се преполни со болни деца и граѓани, а на градоначалничкиот состанок да не се донесе ниту една ефективна мерка против загадувањето во Скопје.

„Граѓаните знаат дека Скопје можеше да биде гасифициран град. БЕГ (Топлификација) под контрола на лица од фамилијата на Никола Груевски можеше да ги мотивира граѓаните да се греат на парно, наместо да ги принудува да се исклучуваат поради лошите услуги. Груевски и Коце Трајановски можеа да овозможат субвенции за пелети на граѓаните, наместо да потрошат над 630 милиони евра за криминалниот проект Скопје 2014. Тоа што 10 години не го направија Никола Груевски и Коце Трајановски, ќе го спроведе новата одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија. Новата Влада ќе ги гасифицира и Скопје и сите други градови во Македонија, по успешните примери во Струмица и Куманово“, пишува во соопштението на СДСМ.

Инаку вчера градоначалниците од Скопје одржаа заеднички состанок на кој разговараа за мерките кои треба да се воведат за да се намали загадувањето, но не договорија ништо конкретно.

Градоначалникот Трајановски најави дека очекува по формирањето на владата, веднаш да се објави тендер за гасификација на Скопје.

„Со формирањето на новата Влада очекуваме итно да се објави тендерот за гасификација на Скопје. Од микро мерките кои секојдневно ги спроведуваме ќе споменам дека ќе ги интензивираме контролите кај инсталациите кои подлежат на Б- интегрираните дозволи, а општините ќе ги контролираат помалите капацитети кои подлежат на Елаборатите за заштита на животната средина. Продолжуваме и со прскање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, за контрола на ситната прашина“, рече Трајановски.

И додека надлежните остваруваат средби, полемизираат па даваат пораки и слично, експертите од оваа област неодамна на отворена трибина, зборувајќи на истата тема, објавија дека Македонија е петта во Европа по загаденост на воздухот.

Во Македонија на годишно ниво има 900 до 1.000 смртни случаи кои се поврзуваат со квалитетот на воздухот кој го вдишуваат, а во пораст се и малигните заболувања.

За в среда најавен е протест на граѓани и активисти организирани преку социјалните мрежи кои на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми како и привремена забрана за работа на сите на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети.
Протестот ќе се одржи во 17 часот во Градски парк.

Влада воздух Коце Трајановски огрев протет СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.