Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ поднесе претставка до Уставниот суд против резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигранти

0
By Zoran Ivanov on December 18, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 18, 2025 13:07

Од пред Уставниот суд во Скопје, потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, испрати порака дека СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор.

Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија и демократијата. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и политичкото дејствување на опозицијата. Целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани дебата за „договорот – мигранти за пари“, спречувајќи вистината да излезе на виделина, истакна Тренчевска.

Таа додаде дека секој кој јавно зборува за мигрантите се таргетира со закани за кривични пријави и затвор, поради што властите забрзано работат на воспоставување контрола врз судството и обвинителството.

Кога се носат неуставни резолуции против опозицијата, тоа е автократија – вовед во диктатура и режим. СДСМ нема да го дозволи тоа и ќе се спротивстави заедно со граѓаните, нагласи Тренчевска.

Таа најави дека ќе се поднесе претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок, бидејќи предавничката Резолуција е спротивна на Уставот, особено во делот на основните човекови слободи и права на граѓаните, вклучително и слободата на изразување.

Понатаму, ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции, вклучително и до институциите на ЕУ и до сестринските партии во Европа. Со сите демократски алатки и механизми што ни стојат на располагање, ќе се бориме за Македонија, за слобода и демократија. Борбата продолжува, заклучи Тренчевска.

Во согласност со тоа, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил додаде:

Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала и денес можеме да кажеме дека таа веќе е потпишана. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што не бираат средства – лажни вести, измислени афери и закани со затвор за секој кој ќе зборува. Ние го разбираме секој член кој се најде во тешка ситуација и нема да се пресметуваме со него, но на патот на правдата никој нема да нè запре. Македонија ќе ја вратиме во рацете на народот.

Со ова, СДСМ ја јасно става позицијата дека неуставната резолуција е неприфатлива, а партијата ќе користи сите демократски алатки и механизми за да ја одбрани слободата на говорот и демократијата во земјата.

 

#Уставен преставка СДСМ Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.