Партијата СДСМ денеска попладне на прес-конференција ќе објави уште неколку кандидати за градоначалници на претстојните Локални избори кои се закажани за 17 октомври годинава.

Прес-конференцијата ќе ја одржи генералниот секретар на партијата и шеф на Изборниот штаб, Љупчо Николовски.

Досега официјално СДСМ промовираше 35 кандидати за градоначалници, меѓу кои, за Охрид Константин Георгиевски, за Штип Сашко Николов, за општината Бутел Велимир Смилевски, за Гази Баба Борче Георгиевски, За Кисела Вода Филип Темелковски и други.

За Град Скопје е веќе потврдена кандидатурата на актуелниот градоначалник, Петре Шилегов.