Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор:
Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија.
Тој систем се вика Pegasus.
Pegasus е шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group.
Може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, да пристапи до сите пораки, фотографии, локација, камера, микрофон, контакти и апликации.
Се користи за таен и тотален надзор.
NSO Group го продава на влади под изговор на борба против тероризам и криминал, но масовно се злоупотребува против новинари, активисти, опозиција и критичари на властите низ целиот свет.
После Black Cube, приватниот Мосад, за тајно снимање, следење и фабрикување афери Мицкоски и ВМРО-OKG одат чекор понатаму: воведуваат државен шпионски софтвер против сопствените граѓани.
Големиот пријател на Мицкоски од сестринската партија СНС – Александар Вучиќ и неговиот режим купиле Pegasus и слични израелски алатки.
За тоа опширно пишувале: Amnesty International, BIRN (Balkan Investigative Reporting Network), Citizen Lab, Access Now, Share Foundation, Haaretz, The Guardian, Washington Post и други.
Во Србија Pegasus бил користен против новинари, активисти и критичари на власта.
Мицкоски сега го копира тој авторитарен модел.
После Орбановите медиуми, после „Black Cube“, сега доаѓа Pegasus, тотална контрола над граѓаните, а пред сè над СДСМ и претседателот Венко Филипче.
Ова е борба на Мицкоски против слободата на мислење, слободата на говор и против секој кој не се согласува со нивната власт.
Ваквата практика е директно кршење на Уставот, Европската конвенција за човекови права и европските стандарди.
Европската унија повеќе пати остро го критикуваше злоупотребата на ваков софтвер во авторитарни режими.
ВМРО-OKG и МВР наместо да ги штитат граѓаните – ги шпионираат.
Тие ја водат државата како криминална организација, а граѓаните ги третираат како непријатели.
Јавно бараме:
* Веднаш да се обелодени кој го купил Pegasus, колку чини и против кого се користи
* Независна истрага за злоупотребата на софтверот од страна на МВР
* Оставка од Панче Тошковски
Демократијата не е компатибилна со Pegasus.
Нема да дозволиме Мицкоски, Тошковски и криминалната организација ВМРО да ја претворат Македонија во криминална држава.
Граѓаните на Македонија заслужуваат слобода, а не шпионирање 24 часа на ден.




