Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани и бара поддршка од сите пратеници

0
By Zoran Ivanov on May 22, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесоа предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка.

Иницијаторите велат дека сакаат да испратат јасна порака дека ова не е политички закон туку ова е човечки закон.

Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена советст, морална обврска и праведна грижа кон оние кои најмногу страдаат.

Во оваа трагедија изгубивме 62 млади животи, над 200 наши сограѓани се повредени и некои од нив имаат и трајни последици, тие неможат да чекаат ниту да бидат заборавени.

Законот предвидува конкретна поддршка финансиска здравствена поврзана социјална за настраданите лица и членовите на нивните семејства.

Претходно законот го поднесовме во скратена постапка и не доби поддршка од мнозинството во парламентот. Ги слушнавме забелешките на парламентарното мнозинство дека треба да има поголема прецизност дека треба подобра проценка на фискалните импликации дека се потребни одредени технички корекции на законското решение и токму во оваа законско решение ги опфативме сите тие забелешки кои што беа досега дадени.

Меѓутоа имаме и втора можност а тоа е во редовната постапка да се дебатира законот да се дебатира, да се поправи, да се доуреди доколку за тоа има потреба во амандманската работа.

Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите надомест од 80.000 евра додека пак сите оние коишто се со повреди зависно од степенот на инвалидитето да се одреди и сумата којашто треба да ја добијат, појаснуваат од СДСМ.

Повредените лица не се само статистика, тоа се млади луѓе, ученици, тоа се семејства чии што живо преки и нивната борба за закрепнување треба да биде борба на сите нас. Би додал тука дека ние треба да имаме борба и за закрепнување на градот Кочани.

Затоа ги повикувам сите пратеници во собранието без разлика дали се од партии на парламентарното мнозинство или од парламентарната опозиција да се покаже зрелост, да покажеме дека ова не е натпревар помеѓу партиите туку дека е испит за емпатија и хуманост којшто ќе го положиме. Да покажеме дека пред се луѓе дека знаеме да бидеме луѓе во тешки моменти тогаш кога непотребна поддршка на сите, додаваат предлагачите на законот.

 

закон Кочани повторно СДСМ Трагедија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.