Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ прифаќа избори на 17 октомври, ако има согласност и од останатите партии

0
By Sashko on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: most.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владеачкиот СДСМ е согласен за одржување на локалните избори на 17 октомври, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, ако за тоа се договорат сите партии, порача вчера премиерот Зоран Заев, откако во средата опозициската партија се спротивстави на неговата идеја изборите да се одржат на 31 октомври.

– За мене е многу важно што ќе каже опозицијата. Таа треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако се одржат на 17 октомври се поклопува кампањата со пописот, и тоа не е добро, треба да го истуркаме пописот до крајот на септември, по што може да почне кампањата. Но, ако каже опозицијата 17-ти и сите други партии се согласат, ние сме согласни. Следниот викенд е 24-ти и 31-ви, тие се опциите за октомври, нагласи Заев.

Премиерот во вторникот најави дека ќе бара согласност од партиите за локалните избори во државата да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот. Но, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот на своја рака, без консултација со останатите партии, „бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека очекува партиите да го почитуваат законскиот и уставен рок и првиот круг од локалните избори да се одржи на 17 октомври

– Локалните избори не се определуваат со желбата на кој било политичар, било и тој да е премиерот. Локалните избори се одржуваат во точно определен термин според Уставот и законот, а уставниот и законски термин за локални избори е 17 октомври, посочи Милошоски, додавајќи дека секој друг темин би бил „неуставен и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит“.

Меѓутоа, според премиерот Заев, одржувањето на изборите по 17 октомври не е противуставно и додаде оти факт за тоа е што одложување или пролонгирање на изборите се случи и во 2004 година, во 2005 година и во 2017 година.

– Не е неуставно, а тоа го потврдува и 2004 година, 2005 година, одложувањето на изборите и во 2017 од пролет на есен, со измена на Законот за избори, каде што стои дека градоначалниците и советите ги вршат функциите до избор на нови градоначалници и совети. Законот вика избори да се одржат во годината кога се навршуваат четири години и затоа е дозволено плус-минус 15 дена, пет месеци и теоретски 12 месеци, рече Заев.

Тој посочи и дека одложување на изборите од септември за втора половина на октомври се случи на барање на опозицијата.

– Кога имавме средба со Мицкоски, тие побараа одложување на изборите од септември за октомври. Договоривме втора половина на октомври, а тоа е 17, 20 и 31 октомври. Јас ги консултирав партиите во државата, начелно сите без согласни и беше постигнат договор, рече Заев, изразувајќи уверување дека низ разговори со партиите ќе се усогласи датумот за одржување на изборите.

Шефот на дипломатијата и член на ДУИ, Бујар Османи, пак, вели дека за Демократската унија за интеграција е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии.

– Kога политичките партии имаат проблеми со датумите, тоа повеќе ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите. Ние во овој случај немаме таков проблем. Така што, кој било датум што ќе го одлучат политичките партии по однос на одржување на изборите, за нас е прифатлив. И 17 октомври и 31 октомври за нас се прифатливи датуми, рече Османи.

По вчерашната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, премиерот и лидер на СДСМ, Заев на Фејсбук објави дека се договориле двете партии да соработуваат на есенските локални избори, со меѓусебна поддршка во некои општини уште во првиот, а во други во вториот круг.

– Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори, напиша Заев во објавата на Фејсбук.

Премиерот потенцира дека заедничка цел на СДСМ и ДУИ е во предизборната соработка да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

-– Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори, додава Заев во објавата.

ВМРО-ДПМНЕ локални избори Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.