Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Пропадна лагата на Мицкоски дека цената на струјата ќе се покачи за 40 отсто

0
By НОВА ТВ Balaban on December 31, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да се спречи ценовен шок за граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Покачувањето на цената на струјата за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%.

Дополнително се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, евтината тарифа во недела и рестрикции нема да има.

Со цел да се помогне на потрошувачите од ранливата категорија граѓани, Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на овие потрошувачи на енергија за 2022 година.

Сите овие податоци, го демантираат Христијан Мицкоски кој свесно ја лаже јавноста, се обидува да креира паника кај граѓаните, кажувајќи дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно прогнозираат панични бројки и посакуваат тие да бидат точни.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски уште еднаш потврдуваат дека ниту се, ниту сакаат да бидат конструктивна опозиција во време на криза.

Лажеа во екот на пандемијата од КОВИД 19, лажат и сега.

ВМРО-ДПМНЕ не мислат и не се грижат за граѓаните, туку свесно ја користат секоја криза, секоја можна прилика, да заработуваат евтини политички поени.

СДСМ како партија која се води од интересите и доброто на граѓаните и државата, ќе продолжи со креирање мерки со цел намалување на последиците предизвикани од енергетската криза. Никој не е сам.

лагата СДСМ струја Христијан Мицкоски цената
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.