Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Сѐ уште нема мерки – граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on April 27, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2026 09:09

Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски и во политиката и во економијата. Додека цела Европа носи антикризни пакети и навремено реагира за заштита на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски не презема ништо. СДСМ веќе два месеци предлага конкретен пакет за заштита на граѓаните и економијата, велат од СДСМ.

Владата селективно презеде само мал дел од тие предлози, без суштинска промена која може да даде резултат и ги остави граѓаните сами да се справуваат со скапотијата.

Цените веќе се на историски највисоко ниво, а најавите се дека во мај следува нов бран на поскапувања, вистинскиот удар од кризата за која Европа одамна се подготвува.

Граѓаните се притиснати од трошоци, а со почетокот на летната сезона ќе бидат принудени дополнително да се задолжуваат. Есента и зимата ги чекаат со сериозно нарушен животен стандард.

Потрошувачката кошница од почетокот на кризата е зголемена за над 3.500 денари, а Владата не презеде ниту еден сериозен чекор за заштита на најранливите. Минималната плата не е зголемена, додека инфлацијата директно го јаде приходот на граѓаните.

Наместо реални економски политики, власта нуди само медиумска пропаганда и празни изјави.

Дополнително, земјоделството е оставено без поддршка. Субвенциите доцнат или изостануваат, а ИПАРД програмата е блокирана поради сомнежи за злоупотреби. Во услови кога цените на горивата, ѓубривата и репроматеријалите растат, домашното производство е ставено на ризик.

Оваа неспособност директно ќе значи нов бран поскапувања на храната и основните производи. Граѓаните ги чекаат тешки времиња, а Мицкоски размислува само за купување нов авион за летување. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!, соопшти СДСМ.

 

мерки нем СДСМ социјала.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.