Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Сања Божиновска внесува фирма од црната листа на САД во бизнис мрежата на Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on March 31, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2026 19:51

Прес конференција на АКТ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ:

За бизнис интересот на Мицкоски во енергетиката нема граници, ниту црната листа на САД не е пречка.

Кога Мицкоски вели децении дека е спремен да чека, еве ја позадината.

Антикорупцискиот тим на СДСМ открива уште една алка во мрежата на Мицкоски и министерката за енергетика Божиновска.

Додека државната ЕСМ генерира загуби од над 100 милиони евра годишно, увозот на струја расте, граѓаните плаќаат поскапа струја власта тера црни бизниси.

Сања Божиновска подготвила бизнис со конторверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака, човек кој е на црната листа на САД поради сомнежи за перење пари, поврзаност со криминални организации и офшор бизниси.

Компанијата на Давидовиќ-Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, објавен од владата.

Истражувањето на АКТ покажува дека „Хронос сум“ е дел од офшор мрежа, со сопственост која се движи од Црна Гора, преку Панама, па повторно назад.

Класичен модел за прикривање на вистинските сопственици и потеклото на капиталот.

Оваа фирма поседува над 900 хектари земјиште во Штипско, наменето за изградба на фотоволтаични централи.
И од тука почнува приказната.

„Хронос сум“ ја има основано компанијата во мај 2015 година, а веќе во август истата кога година кога е ВМРО на власт купува 900 хектари земјиште во напуштените штипски села Јамуларци и Скандалци за изградба на фотолтаици. Следната 2016 година сопственоста се префрла на панамската офшор компанија „Адастра Груп“.

Од тогаш до сега, компанијата нема започнато никаква градба.

Очигледно ова е сега нов почеток на старите бизнис шеми.

Бараме оваа одлука веднаш да биде поништена а Јавното обвинителство да отвори предмет и да го истражи овој случај.

Линк до Планот на Владата на Мицкоски: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/godisni-planovi-za-izgradba-na-energetski-file-uo09.pdf

 

Божиновска криминал СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026

  Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.