Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Стоилковиќ води циркус димпломатија

0
By Zoran Ivanov on January 11, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 11, 2026 15:19

Денес сме сведоци како Иван Стоилковиќ, првиот човек на Мицковски, вицепремиер на Владата и министер, се обидува да се претстави како светски дипломат, а всушност води некаква врста на Мики Маус дипломатија, се огласи СДСМ со соопшшѓтение.

Како малиот Перица од цртаниот филм, Стоилковиќ покажува колку нема поим за вистинската политика.

Ако ова е неговиот начин да „се бори за интересите на македонскиот народ”, тогаш подобро да се врати во градинка, таму барем никој нема да страда од неговите „дипломатски успеси”.

Ајде да ја разјасниме оваа негова последна фарса: Стоилковиќ се фали како на Денот на Република Српска во Бања Лука бил во друштво на „близок соработник” на Доналд Трамп, Род Благојевиќ.

Е па, драг Перице, еве лекција од основите на политиката што очигледно не си ја научил: Род Благојевиќ е демократ, Трамп е републиканец, за твоја информација, тие се од спротивни табори!

Не е Благојевиќ никаков „близок соработник” на Трамп, туку го запознал во ријалити шоуто „The Celebrity Apprentice” во далечната 2010 година, каде што Благојевиќ бил обичен натпреварувач.

Тоа е забавна емисија, каде што Трамп бил водител и сопственик, а Благојевиќ отпаднал во шестата епизода затоа што бил лош лидер на тимот. Дури и Трамп рекол дека неговите факти не биле точни!

Замислете: „близок соработник” од ријалити шоу, каде што луѓето се натпреваруваат за пари и слава.

Тоа е нивото на „дипломатијата” на Стоилковиќ.

Благојевиќ е обвинет за корупција, уапсен во 2008 година од ФБИ, осуден во 2011 година на 14 години затвор, поминал скоро 8 години во федерален затвор.

Тоа е вашиот „елитен” контакт, Иване?

Но, тука не е крајот.

Стоилковиќ бил и во друштво на Никола Селаковиќ, српски министер против кого се води судска постапка поради фалсификување документација за зградата на Генералштабот во Белград.

Селаковиќ и неговите соработници се обвинети за фалсификување документи и злоупотреба на положбата. Судењето започнува на 4 февруари 2026 година, баш погодно друштво за нашиот „патриот”!

А знаете ли што е уште интересно?

Поради тој ист скандал, Џаред Кушнер (зетот на Трамп) се откажа од градењето на Трамп хотелот во Белград во декември 2025 година.

Компанијата на Кушнер се повлече по обвиненијата за корупција, велејќи дека „проектите треба да обединуваат, а не да делат”.

Значи, Стоилковиќ се фали со своите „врски”, а токму поради луѓе како Селаковиќ, семејството на Трамп бега од такви бизниси.

И на крајот, ајде да видиме кои се уште „блиски соработници на претседателот Трамп” во „елитното” друштво на Стоилковиќ?

Род Благојевиќ сега лобира за Милорад Додик, ултранационалист од Република Српска кој има директни врски со Владимир Путин.

Додик е осуден во БиХ на една година затвор и му е одземен мандатот како претседател.

Додик е поврзан со „Ноќните волци”, мотоциклистички клуб близок до Путин, пропагатори на руското влијание и национализам.

Како се тие „блиски соработници на Трамп”, Иване?

Дали тоа е твојата визија за „патриотизам” – мешавина од обвинети политичари и претставници на Путин?

Дали тоа е односот на владата кон стратешкиот партнер – Америка, како што наведува Мицкоски?

Граѓаните на Македонија заслужуваат вистинска политика, а не овој циркус.

Мики Маус дипломатија само ѝ штети на нашата земја и нашиот народ.

Време е граѓаните да се разбудат и да видат како оваа власт, овој режим на тендер коалиција нè срамоти.

Бидејќи Трамп го отпушти Род време е граѓаните да ги отпуштат ваквите како Стоилковиќ.

Овој министер за односи со заедниците, мора прво да научи односи меѓу заедниците за да може да се занимава со нив.

За пишувањето коментари на нашиот текст, речникот, непристојноста, некултурата, не сакаме да коментираме.

Тоа само говори за неговото воспитување, образование и култура.  И тоа е дел од кампањата на Мицкоски за поделба на граѓаните со навреди како „талог на општеството” или „медиокритет”.

За жал, овој човек, ја претставува нашата земја.

Ова или е потполн политички дилетантизам или ова сè  е намерна политика на изолација на Македонија.

Секако, една или друга работа водат во ист правец, поставување на Македонија како црна точка на Европа.

дипломатија СДСМ стоиљковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.