Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Тв Алфа не е само медиум туку е и политички проект -повторно функционира како центар за црни кампањи“

0
By Zoran Ivanov on January 20, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 20, 2026 12:28

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој потенцираше дека „во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб – Алфа телевизија.

Денеска ќе ја разоткриеме позадината на оваа пропаганда, на политичките врски и бизнис мрежите“, повлече Фрчкоски, додавајќи дека „граѓаните ќе видат зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки и јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче.

Фрчкоски нагласи дека „ништо не е случајно“ и посочи дека зад Алфа телевизија стои „Петер Шац, унгарски медиумски бизнисмен и човек од тесниот круг на Виктор Орбан, кој преку компанијата CHS Invest Group контролира 57% од ‘Алфа Скоп ДОО’, фирма – стопроцентен сопственик на телевизијата“.

Контролата ја презема во 2017 година – токму во периодот кога Орбан започнува агресивна експанзија на своето медиумско влијание на Балканот“, рече Фрчкоски, потсетувајќи дека „Петер Шац е познат по блиските врски со Виктор Орбан и неговата партија Фидес.

Тој додаде дека „пред тоа, Алфа била во сопствеништво на српски бизнис-структури, меѓу кои и групацијата Comtrade на Веселин Јевросимовиќ“ и заклучи дека „континуитетот е очигледен: сопствениците се менуваат, политичката линија останува иста“.

Фрчкоски потенцираше дека истражувањата покажале оти таканаречените „рекламни договори“ биле користени како механизам за трансфер на милиони евра кон медиуми под контрола на Шац.

Во таа насока, тој укажа и на врската меѓу банките, медиумите и политичкото влијание, нагласувајќи дека „купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка отвора сериозни прашања дали истиот механизам повторно се активира“.

Сега доаѓаме и до Жан Митрев, човекот кој токму на Алфа ТВ започна црната кампања и јавен линч против претседателот Филипче со изнесување на лаги.

Освен што беше обвинет дека со умисла довел во заблуда 283 пациенти во неговата клиника, кои други активности го поврзуваат Жан Митрев со оваа оска? Тим на болницата „Жан Митрев“ ја претставувал Македонија на меѓународен турнир во „walking football“ во Будимпешта во 2025 година. Финансиран преку македонскиот државен фонд за здравство. Еден од тимовите-учесници на овој турнир е Фехервар од Унгарија, тим – поврзан со поранешниот клуб Видеотон каде што играл Орбан. Киниши е вториот тим учесник на турнирот со Жан Митрев исто така од Унгарија. Ништо не е случајно. Прашање е дали кога бил во Будимпешта Жан Митрев сретнал со својот драг пријател Никола Груевски, голем помагач на неговата болница уште од самото основање, рече Фрчкоски.

Како и во времето на Груевски, ТВ Алфа повторно функционира како центар за црни кампањи, јавен линч и координирани напади, овојпат со регионална поддршка. Ова е нивното разоткривање, потенцираше Фрчкоски.

 

Алфа ТВ кампања митрев СДСМ црна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.