Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ вели може: ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за технички министер во МВР

0
By Нова ТВ on January 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наќе Чулев е новиот предлог на ВМРО ДМПНЕ за министер за внатрешни работи (МВР) во техничката Влада што треба да биде изгласана до утре на полноќ со задача да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април.

Овој кандидат на опозицијата е прифатлив и за владејачката СДСМ за разлика од претходниот (Драган Ковачки) чие именување се косеше со член 97 од Уставот кој пропишува дека „лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција“.

Според СДСМ, Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

„Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ не се крши Уставот. Не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопшти СДСМ.

Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање за време на претседателот Ѓорге Иванов. Мандатот му истече во 2017 година, а потоа продолжи да биде дел од професионалниот состав на агенцијата.

Министерството за внатрешни работи беше последното отворено прашање меѓу власта и опозицијата за техничката Влада. Преостанатите четири позиции се прифатливи за СДСМ и ќе бидат пополнети со Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјална политика, Невенка Стаменковска за заменик министерка за информатичко општество, Гордана Димитровска за заменик министерка за финансии и Цветан Трипуновски за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

ВМРО ДПМНЕ Наќе Чулев Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.