Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ викендов го распамети ВМРО-ДПМНЕ – им објавува криминални тендери  

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 1, 2025 13:52

 Во СДСМ со неколку прес конференции изминатиов викенд тврди дека Владата на Христијан Мицкоски спроведува шема за испумпување на јавни пари и бара постапувањ од институциите.

Со низа документи и детални наводи, СДСМ објави нов скандал поврзан со државни тендери, обвинувајќи дека фирма формирана пред една година, со само двајца вработени, добила договори вредни речиси девет милиони евра од владини институции.

Генерален секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, излезе со серија тврдења за, како што рече, „класична шема за испумпување пари“ од Владата на Христијан Мицкоски.

Според СДСМ партија, компанијата „Дигитал оне“, основана во август минатата година, со само двајца вработени, во периодот од мај до ноември 2025 година добила државни тендери во вкупна вредност од околу 9 милиони евра.

Од шесте објавени договори, како што наведува СДСМ, четири се добиени од Генералниот секретаријат на Владата, а најголемиот меѓу нив е рамковна спогодба за софтверски лиценци во вредност од околу 8 милиони евра.

На прес конференција Димитријевиќ праша како е можно фирма без историја, без искуство и со минимален број на вработени да добива вакви договори, оценувајќи го случајот како „типична шема за фаворизирање фирми блиски до власта“.

Од СДСМ исто така побараа одговор дали основачот на фирмата, Кристијан Арсовски, е во роднински врски со поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар (Димса) Арсовски – прашање за кое, како што истакнуваат, се уште нема одговор.

Вториот вработен, Глигор Поцев, бил дел од УБК во времето на Мијалков и сведок во случајот „Тврдина“ за уништување на опремата за прислушување, објави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Сега, фирмата со која е поврзан добива државен тендер за софтверски лиценци, велат од СДСМ.

Оттаму тврдат дека ова покажува континуитет на криминални практики од времето на Груевски и Мијалков – тендери за фирми без историја, сомнителни врски и богатење на врвот на власта. Бара истрага, институционално делување и одговорност, посочувајќи дека ваквите дела не застаруваат.

Опозицијата обвинува дека институциите молчат, а наместо тоа реагирала партијата ВМРО-ДПМНЕ, што според СДСМ претставува „дополнителна потврда“ дека тендерските процеси биле координирани на партиско ниво.

СДСМ го спореди случајот со практиките од времето на поранешниот премиер Никола Груевски, тврдејќи дека се повторуваат состојби од периодот кога, според нив, биле испумпани околу 2 милијарди евра од јавни пари.

СДСМ ги повика Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување корупција, ДКСК, да отворат истрага и да ги проверат сите околности околу доделувањето на милионските тендери.

Од опозициската партија најавија дека ќе продолжат да објавуваат, како што велат, дополнителни аспекти, информации и документи за случајот.

Фирмата „Дигитал оне“ која ја посочуваат о СДСМ, е основана кон крајот на август 2024 година, со основачки влог од 5.000 евра и била со двајца вработени. Во периодот од мај до ноември 2025 фирмата добила шест државни договори со вкупно вредни околу 9 милиони евра, соопштија од СДСМ.

Од тие договори, четири се со Генералниот секретаријат на Владата, нај скапиот е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа, вредна околу 8 милиони евра.

 

ДПМНЕ обвини СДСМ тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.