Прес конференцијата Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:
ВМРО за се лаже.
Погледнете ја оваа вест зад мене. Кога ВМРО беше опозиција бараа, ветуваа намалување на акцизите за горивата.
Ја добија довербата од граѓаните, и ги излажаа граѓаните.
Денеска кога се власт, кога можат да ја намалат акцизата, да ги намалт цените, одбиваат.
Иако на светските берзи цената на нафтата се намалува граѓаните на Македонија плаќаат поскапо гориво.
Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не.
Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот.
Мицкоски вели најефитно гориво имало во Макеоднија.
А што е со платите? Па проблем е што платите се најниски во Европа и куповната моќ на македонските граѓани е на дното.
Тоа е проблемот, нискиот стандард и ниските плати.
Да слушнеме сега уште еден став од ВМРО како опозиција.
Значи, иако признаваат дека СДСМ ја покачи минималната плата, за ВМРО тоа не било доволно, продуктивноста била проблем.
Повторно излажаа.
Сега се власт, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.




