Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Врв на безобразие – 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

0
By Zoran Ivanov on February 18, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 18, 2026 12:28

Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него, праша на прес конференција Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

Но луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт.

До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за бизнис и уживање, а граѓаните за поданици кои се тука да им го плаќаат луксузот.

Додека народот брои денари до крајот на месецот, работниците се на улиците за поголеми плати, премиерот лета на одмор со владин авион.

Владата вели нема пари за плати, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

Им кратат 40 милиони евра на земјоделците за субвенции, 5 милиони евра од поддршката во спортот.

Дури и на лицата со ретки болести им скатија 3 милиони евра!

А истовремено планираат да купат нов владин авион вреден околу сто милиони евра.

Како со тендерите, 161, 51, 72, вредни милиони евра, како да се колачи.

Со сума од околу 100 милиони евра се обезбедува половина од потребните пари за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците.

Може да се изградат најмалку 20 нови современи училишта низ државата, 25 градинки, 10 студентски домови со што илјадници студенти би добиле достоинствени услови за живот и студирање.

Со парите за еден луксузен авион може да се изградат 3 нови модерни болници или целосно да се реконструираат повеќе постоечки здравствени центри.

Може да се изградат 20 згради за социјални станови, десетици километри водоводи и канализации во рурални и урбани средини каде граѓаните со години чекаат основни услови за живот.

Но наместо пари за плати, за пензии, за училишта, болници, Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните.

Тоа е приоритетот на оваа тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ.

Ова е безобразие без граници.

Бараме криминалната власт веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион.

Државата не е приватна компанија, а народните пари не се играчка за опиена, аздисана и криминална власт.

 

авион ДПМНЕ прес СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.