Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ згреши и се извини за кадровските решенија во „МЕПСО“, на ВМРО-ДПМНЕ им порачаа да го следат нивниот пример

0
By Marija Todorovska on August 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 1, 2024 14:00

Д. М

СДСМ јавно им се извини на лицата за кои направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО. Станува збор за дезинформацијата што на прес-конференција ја соопшти портпаролката Богданка Кузевска, дека синот на поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов и сопругата на водителот Богдан Илевски – Бетмен биле назначени за надзор во МЕПСО.

„Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска, се назначени за надзор во МЕПСО. Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и со Илиевски. Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат. Прес-конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека како одговорна и принципиелна партија за направена ненамерна грешка јавно се извинувааат до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО но и до целата јавност.

Богдан Илиевски на Фејсбук ја демантираше портпаролката на СДСМ, Кузеска и од СДСМ побара извинување во ист формат, во спротивно најави тужба.

На обвинувањата од СДСМ реагираше и Иван Иванов, кој побара јавно извинување за, како што рече, лажните вести, а најави и тужба.

„Најпрвин, не сум назначен за член во одборот на МЕПСО ниту, пак, во кој било друг одбор, на која било друга институција. Станува збор за сосема друга личност со исто име и презиме“, напиша Иванов на Фејсбук.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека станува збор за Иван Иванов од Кочани, пратеник и негов поранешен колега од Собранието, како и Анастасија Илиеска од Прилеп, вработена во УЈП.

„Затоа, луѓе од СДСМ, опаметете се и престанете со измислиците и лажните вести бидејќи станавте партија на луѓе без интегритет, без дигнитет, без достоинство. Станавте партија за потсмев во Македонија, но и пошироко“, изјави Мицкоски.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која намерно и со план во континуитет креира лажни вести. СДСМ од друга страна одржа лекција како се постапува во случај на ненамерна грешка или превид.

„Сите досегашни информации кои ги објави СДСМ се точни во целост, а ВМРО-ДПМНЕ немаше одговор на ниту една. ВМРО-ДПМНЕ криеше и спинуваше додека конечно не мораа да признаат.

Такви се случаевите со луксузните карти и фамилијарните патувања на Мицкоски за САД кои ги криеше како змија нозете, таков е скандалот со министерката Божиновска која исчезна од јавноста откако СДСМ објави дека преку својата компанија должела милион евра на МЕПСО, таков е и скандалот со Игор Јанушев кој на поклон си добил стан од 320.000 евра. Скандалите на ВМРО-ДПМНЕ се нижат од ден во ден и СДСМ ќе продолжи да ги објавува“, велат од СДСМ.

И од Алијанса за Албанците обвинија дека владее целосен непотизам и партизација, за како што велат, на Акционерското друштво „МЕПСО“, каде најдобро е проткаено братството меѓу ВЛЕН, ВМРО и организаторите на 27 април.

„Директор на компанијата е братучедот на Изет Меџити, а членови на Надзорниот совет, синот на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и сопругата на Богдан Илиевски, познат како Бетмен. Последниот беше организатор и водач на насилните протести од 27 април 2017 година, за кои беше осуден од страна на судовите, но сегашната нелегитимна Влада ја наградува неговата сопруга со клучна функција“, велат од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села.

Но, ниту ВЛЕН, ниту ВМРО-ДПМНЕ и Богдан Илиевски не побараа јавно извинување од Алијанса за Албанците за ваквите обвинувања, како што побараа од СДСМ да им се извинат.

СДСМ во меѓувреме ја тргнаа објавата од веб-страницата и од нивниот Јутјуб канал.

Преземено: Цивил Медиа

МЕПСО СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.