Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕ: Македонија може да најде решение за блокираните бегалци

0
By Светлана Јовановска on May 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија може да се справи со бегалците кои останаа блокиран на нашата територија откако балканската рута беше затворена, смета Томас Бочек, специјален претставник на комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Бочек е чешки амбасадор кој пред неколку дена ги посети камповите во Македонија и во Грција. Според него, ситуацијата во Македонија не може да се споредува со состојбата во Грција каде има околу 9.000 бегалци и мигранти. Тие не сакаат да го напуштат овој граничен регион во надеж дека еден ден ќе успеат да стасаат во западна Европа.

Бројот на овие луѓе во Македонија е далеку помал и станува збор за неколку стотини лица. Според договорот од Женева Македонија има обврска да ги прими овие бегалци и да им даде азил доколку ги исполнуваат условите за ваков статус.

24941043240_b83d133436_b

Томас Бочек, специјален претставник за бегалската криза на Советот на Европа

“Судот за човекови права од Стразбур побара од земјите членки на Советот на Европа (зн. Македонија е полноправен член на оваа пан-европска организација) да не ги враќаат бегалците назад во Грција. Мислам дека во дадените околности единствената опција за вас е да ги почитувате меѓународните обврски”, вели Бочек и додека дека Македонија може да се справи со бројот на барателите на азил: “Вашата земја е веќе разнородна и со доволно знаење и искуство како да се справи со различните култури”, вели тој.

При неговата посета на Македонија Бочек забележал дека центарот Винојуг е празен додека центарот во Табановце е преполн:

“Не е исклучено дека бегалците кај вас би можеле да останат во текот на подолг период. Оттука мојата препорака е дека Советот на Европа треба да им помогне на властите да го решат проблемот во Табановце. Со оглед на бројките, верувам дека решение може да биде најдено”, вели специјалниот пратеник на Советот на Европа.

Бранот на бегалците е значително намален па со оглед на тоа македонските власти можат да ја подобрат состојбата на тие кои се заглавени во Македонија.

За време на посетата во Македонија Бочек слушнал поплаки за лош третман кон бегалците од страна на македонската полиција. Тој нема мандат со кој може да ги истражува тие жалби но им препорачува на македонските власти да креираат независно тело кое овие поплаки ќе може да ги истражува:

“Им препорачувам на властите да креираат независно тело кое ќе може да ги истражува жалбите на однесувањето на полицијата. Препорачувам исто така е тренинг на граничната полиција во согласност со обврските за човекови права што земјата ги има”, вели Бочек за НОВА.

Тој забележал исто така дека има илегални премини на границата но тој број сега е далеку помал. Според него, она што е важно е бегалците кои илегално ја минуваат границата да добијат правичен третман и да не бидат враќани во земји во кои ризикуваат нечовечки и деградирачки третман.

Иднината на бегалската криза Бочек не може да ја предвиди.

“Верувам дека е важно договорот помеѓу ЕУ и Турција да функционира во согласност со човековите права. И треба да бидеме внимателни во однос на појавата на нови бегалски рути”, вели тој и додава дека сите земји мораат да се борат против расизмот и ксенофобијата.

азил бегалска криза Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.