Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намален бројот на студенти-за пет академски години бројот на “бруцоши“ намален за 5.600

0
By Ivana on July 14, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 14, 2021 19:30

Пет академски години по ред – намалување на бројот на студенти во Македонија. Анализата на податоците што ја направи “Порталб“ покажува дека последен пат незначителен пораст на вкупниот број на студенти имало во академската 2014/2015 година , оттогаш има  намалување, пишува. Но, статистиките укажуваат  и на друг негативен тренд – се намалува бројот на дипломирани студенти, но и на дипломци со повисоки образовни титули.

Ланската академска 2020/2021 ва година во земјава на сите високообразовни институции имало  50 881 студент што е за 1,7% помалку во однос на бројот на запишаните студенти во 2019/2020 та.

Број на студенти             % во однос на претходна година

2020/2021                      50 881                                               -1,7%

2019/2020                       51 734                                               -3.6 %

2018/2019                       53 677                                               -5.7 %

2017/2018                       56 941                                                -2,0%

2016/2015                        58 083                                               -3,0%

2015/2016                       59 865                                                 +0,9%

Од вкупниот број на студенти во академската 2021/2021 та година 42 631 студирале на државните високообразовни институции додека 7 905 студирале на приватните високообразовни институции. Најголем број или 22 489 студирале на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, 3 485 на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, 307 на Универзитет за ИТ – Охрид, 7 631 на Универзитет во Тетово и 60 студенти на Верски факултет.

Во академската 2020/2021 та во однос на 2019/2020 та не е регистран само пад на вкупниот број на студенти, туку и намалување на бројот на запишани студенти во прва година на студии за скоро 1 400.  Компаративната анализа покажува дека од академската 2015/2016 та година бројот на запишани студенти во прва година ( вклучени и студентите кои по втор,  трет и повеќе пати запишуваат прва година) е намален за 5 587.

Број на студенти запишани во прва година

2020/2021                                                     12 365

2019/2020                                                     13 701

2018/2017                                                     13 931

2017//2018                                                   15 094

2016/2017                                                     16 710

2015/2016                                                      17 952

Медицинските , економските и правните науки и натаму остануваат најатрактивни научни сфери за новите студенти – со најголем број на запишани “бруцоши“.

Се намалува бројот на запишани студенти – се намалува борјот на дипломирани.  Лани во земјава на сите високообразовни институции, и државни и приватни, дипломирале 6 907 што е за дури 12,3% помалку во однос на 2019 та година.  Во 2019 та пак во споредба со 2018 та година бројот на дипломци е зголемен за 2,2%.

Во 2020 та намалување има и на бројот на магистри и специјалисти – лани со оваа титула се стекнале 1 758 лица што е за 8,2% помалку во споредба со 2019 та година. По регистрираниот тренд на намалување на бројот на студенти, на магистри, специјалисти, статистиката очекувано регистрираше и значајно намалување и на бројот на “доктори на науки“. Во 2020 та година оваа престижна тутула ја стекнале 174 лица што е за 14,7% помалку во однос на 2019 та година.  Сите овие трендови се последица на демографскиот проблем со кој се соочуваме повеќе од една деценија – иселувањето, особено на младите луѓе кои личната и професионална перспективата ја гледаат и ја бараат надовор од земјава

 

бруцоши намалување студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.