Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се намалува процентот на имунизација, расте опасноста од епидемија

0
By Нова ТВ on April 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се намалува процентот на имунизација на децата на ниво на државата. Родителите се плашат да ги вакцинираат своите деца и ја оддолжуваат вакцинацијата со што се намалува опфатот на имунизација.

-Бројката од 66% опфат никогаш досега не била олку ниска, според статистиката од нашите извештаи воглавно ова се однесува на централното градско подрачје. Апел родителите да ги донесат своите деца на вакцинирање, вели д­р Татјана Баевска­Вучковиќ.

Загрижувачки низок процент има кај вакцинацијата против  морбили рубеола и перотит (МРП вакцина), а со тоа се зголемува и ризикот од појава и ширење на овие заболувања. МРП вакцината стана синоним за страв кај некои родители кои сметаат дека вакцината е главниот виновник за порастот на аутистични деца, како резултат на антивакциналните интернет кампањи.

Според податоците од Институтот за јавно здравје од 2.800 деца на возраст од 13 месеци кои не ја примиле тројната вакцина како примовакцина, 2.400 се во Скопје.

Ниското ниво на имунизација се должи и на тоа што родителите меѓусебно се советуваат да ја одлагаат МРП вакцината се додека децата не наполнат три години.

Лекарите апелираат родителите  навреме да ги вакцинираат децата за да спречат можна епидемија на заразни болести.

-Воопшто нема причина за одложување на вакцината, особено сега во овој период кога знаеме дека во западно­европските земји има големи епидемии на морбили, особено Романија каде има и смртни случаи, а и Бугарија каде имаше еден смртен случај, доволно е само еден случај да се појави во Македонија, морбилите се шират многу брзо веднаш може да добиеме епидемија на морбили, вели д­р Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство и член на Комитетот за имунизација.

И фармацевтите со предупредувачки тонови за последиците од антивакциналните ампањи. Тие гарантираат дека МРП вакцината во Македонија е со докажан квалитет.

Според податоците на Комисијата за имунизација, пред воведувањето на МРП вакцината, годишно биле регистрирани по 10.000 случаи на морбили и 7.000 случаи на рубеола. Голем број од нив имале смртен исход. Лекарите предупредуваат дека атнтивакциналните кампањи може да ги вртат ваквите статистики.

 

антивакцинални кампањи вакцинација епидемија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.