Се чекаат извештаите од терен за штетите од пожарите за да му се помогне на населението. Општинските комисии за проценка се на терен, некои веќе завршија со проценката и чекаат седници на советите за да ги усвојат и да ги достават до Владата.

-За тоа имаме предвидено 100 милиони денари кои традиционално се буџетски резерви за оваа работа. Дополнително, веќе дадовме насока за проценка на штетите и очекуваме другата недела Национални шуми да ги достават извештаите, а истовремено дадовме насоки и за доопремување, рече премиерот Зоран Заев.

Есенва ќе треба да се направи и масовно пошумување со садници на изгорените површини, бидејќи уништени се стотици хектари.