Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се разгледува ново барање за екстрадиција на Груевски

0
By НОВА ТВ Balaban on May 10, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 10, 2022 11:27

Се разгледува ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој, по правосилната пресуда за затворска казна во предметот „Тенк“, избега во Унгарија кадешто доби азил, изјави министерот за правда,  Никола Тупанчески, на денешната прес-конференција.

Експремиерот Груевски избега во Будимпешта, Унгарија, на 11  ноември 2018 година.

Новото барање за екстрадиција следува по пресудата за случајот „Плацеви на Водно“ со која Груевски беше осуден на казна затвор од 7 години.

Против Груевски се водат и неколку други процеси, за изборни нерегуларности во „Титаник“, за изградбата на автопатиштата во „Траекторија“.

Тој е осомничен и за организацијата на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, но за тој предмет сè уште не е поднесено обвинение против него, бидејќи беше недостапен за обвинителството.

Според изјавите од Министерството за правда, последното дополнување на барањето за екстрадиција е испратено на 13 јуни 2019 година.

Кон крајот на минатата година на Груевски му истече азилот од три години, но од Унгарија официјално не го информираа Министерството за правда за сегашниот статус на бегалецот, односно дали донеле одлука за продолжување на азилот.

Груевски избега од Македонија откако претходно од своите банкарски сметки подигна околу 120.000 евра. Бегството се случи откако беше осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“ за купувањето на владиниот „мерцедес“.

екстрадиција на Груевски никола тупанчевски прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.