Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

0
By Marija Todorovska on June 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 24, 2024 09:53

Во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите од вчерашното невреме проследено со ветер, дожд и град. Пријавени се штети за поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади…..

Центарот за управување со кризи утринава информира дека во тетовскиот регион на терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Патните правци во овој регион се проодни, но на одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот.

Полека се средува и состојбата со електричната енергија, при што е добиена информација во ЦУК дека во најголем дел населението има електрична енергија.

Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија. Информациите од ЕВН Македонија се дека се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред, ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Планинските села и 60-тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатите етапно ќе бида вклучувани во наредните часови.

Во Скопје до утрово се примени 42 пријави за паднати дрва на повеќе локации во градот за што се известени дежурните служби во ЈП Паркови и Зеленило, Град Скопје и ЈП Водовод и Канализација. Пријавени се четири случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што искрел во Зелениково и за паднати бандери.

Покрај невремето, во изминатото деноноќие регистрирани се и 15 пожари од кои два се уште се активни. Станува збор за пожари во Општина Ново Село, на месноста „Хаџиица“ на високо на Беласица, близу државната граница, каде гори букова шума..

– Вчерашниот ден е континуиран пример за големата позитивна  улога на медиумите кога има посилни непогоди, при што  правовремено ги пренесуваа информациите не само од ЦУК за итните случаи и настани во јавноста, туку и директно од терен од дописниците од подрачјата што беа зафатени од локално невреме. Со  тоа нивните информации, прво превентивно дејствуваа граѓаните да бидат известени за невремето што се очекува, според најавите на УХМР, со што ја најверојатно беше намалена опасноста од поголеми штети, а веќе кога се случи најавеното локално невреме во Тетовско и Скопско, медиумите  информираа за критичните места што не беа безбедни за движење за граѓаните, велат од ЦУК.

невреме Скопје Тетово штети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.