Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се топи ,„вечниот мраз“ во арктичките предели на Русија-Глобалното затоплување ги загрижи научниците

0
By Mirjana on July 14, 2021 АНАЛИЗА, СВЕТ
Photo: Siberian Times
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Феноменот на вечен мраз во арктичките предели на Русија, ризикува да исчезне, со појавата на секојдневно топење. Неколку метри длабока и тврдо – замрзната мешавина од земја, песок и мраз, се наоѓа под градовите и огромните ненаселени области на руските арктички региони, изјави министерот за природни ресурси на Русија,Александар Козлов.

-Секој од тие региони ако продолжи да се топи , со постојаната динамика, за 20-30 години, ќе се претвори во подрачје со обработлива почва за земјоделски потреби, изјави Козлов за рускиот бизнис весник РБЦ,пренесува ,,Сибериан тајмс“

Козлов смета дека регионите со вечен мраз требало брзо да се прилагодат на ситуацијата која се менува многу брзо.  Ако ова продолжи, тогаш во Русија би се појавило ново земјоделско земјиште, но колку би било лесно да се претвори во обработливо земјоделско земјиште, тешко е да се знае.

photo: Siberian Times

Русија има огромна арктичка зона, која се протега на околу четири милиони квадратни километри по должината на нејзината северна граница од запад до крајниот исток.

Скоро 60% од оваа територија е вечен мраз, што значи дека основата на копното под замрзнатиот слој никогаш не било проучено.

Руската област на вечен мраз е исто така најголемиот резервоар за органски јаглерод во светот, кој се претвора во стаклена градина, вклучувајќи го и ослободувањето на метан откако ќе се стопи.

-До 500 гигатони изнесуваат органските материи како корени од трева, грмушки и дрвја, плус остатоци од животни – ова е вечен мраз само во Јакутск, а според проценетата тежина, тој е потежок од целата биомаса на Земјата што расте во моментот“, рече Никита Зимов , директор на Руската северо-источна научна станица во близина на пристанишниот град Черски на крајниот север на Јакутск.

photo:Siberian Times

Кон крајот на 2019 година, руското Министерство за развој излезе со проценка дека годишната загуба на земјата како резултат на топењето на мразот, ја чини Русија неверојатни од 676 милиони долари до 2.03 милијарди долари.

Одмрзнувањето на мразот им се заканува на голем број згради и инфраструктурни објекти во Арктикот, предупреди заменик министерот за природни ресурси Александар Крутиков.

Друго предупредување за претстојното големо одмрзнување на мразот дојде од група руски експерти кои ги следат ефектите од промената на климата.

Дури и ако глобалното затоплување биде позиционирано  на значително пониско ниво од 2 степени Целзиусови,сепак до 2100 година ќе се стопи три до четири метри од вечниот мраз“се вели во извештајот.

Доколку емисијата на стакленички гасови продолжи да расте, тогаш може да се изгуби до 70 проценти од мразот, велат руските експерти.

 

 

 

 

 

 

глобално затоплување сибир стопе мраз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.