Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сè уште нема осомничен или уапсен за убиството на Оливер Ивановиќ

0
By Нова ТВ on January 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Возилото Опел Астра пронајдено запалено во вторникот веднаш по убиството на Оливер Ивановиќ во Митровица, води потекло од Србија и таму сменило неколку сопственици. Ова го соопшти регионалниот заменик-директор на косовската полиција во Северна Митровица, Бесим Хоти.

Според него, овие информации косовската полиција ги обезбедила преку меѓународни организации, од кои била побарана помош во истрагата. Независно од тоа, сè уште не е докажано дали ова возило воопшто има директна врска со случајот.

Од друга страна, министерот за правда во косовската влада, Абералд Тахири истакна дека Косово и Србија соработуваат како две засебни држави.

„Фактот дека ние комуницираме меѓу двете министерства, Министерството за правда на Косово и Министерството за правда на Србија јасно покажува дека станува збор за соработка меѓу двете држави. Ние ќе соработуваме до точка за да го расветлиме ова последно убиство кое е најактуелно, на Оливер Ивановиќ. Ќе разменуваме било какви информации и побаравме информации од нив, очекуваме да му ги донесеме на Обвинителството и на косовската полиција. Ние соработуваме како со Србија, така и со останатите држави во регионот“, рече Тахири.

Тахири додаде дека истрагата ќе ја водат косовските органи, не дозволувајќи мешање од друга држава. За да се расветлат можните сомневања, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, ја остави отворена можноста во истрагата да биде поканета трета држава, но не Србија.

Ивановиќ беше застрелан во вторникот пред седиштето на неговата партија во северна Митровица.

Косово Оливер Ивановиќ Србија убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.