Седумдесет и осумгодишната скопјанка Н.К. вчера била тешко повредена во сообарќајна несреќа што се случила на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, кога патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (26), удрило во жената – пешак,кој го напуштил местото на несреќата, но подоцна било пронајден.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера во 10:15 часот, а повредената била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.