Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се вжешти дебатата за ребалансот на Буџетот

0
By Biljana on July 27, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жестока дебата надополнета со недолични коментари и меѓусебни обвинувања, ја одбележа денешната расправа за ребалансот на Буџетот во рамки на 47 седница на Собранието на Република Северна Македонија. Јавниот долг и реализацијата на капитални проекти ги скара пратениците од власта и опозицијата, при што народните избраници разменија обвинувања на висок тон, а падна и по некоја лична навреда. Интервенираше претседателот на Буџетскиот совет на Собранието, Горан Мисовски кои ги предупреди пратениците дека нивното непримерно однесување ќе биде забележано и пријавено до надлежните собраниски служби.

Опозицијата обвини дека прекројувањето на јавната каса е предизборна политичка претстава наменета за делење милостина и предизборни вработувања на партиски послушници.

„Со очајниот прилив на странски директни инвестиции за 2020 година од скромни 274 милиони евра не закотвивте на дното и што е најтрагично Македонија има и најголем раст на јавниот долг од речиси 1,5 милијарди евра од почетокот на кризата, а бројот на невработени е зголемен за над 50.000 лица. Најавувате историска реализација на капитални инвестиции во услови кога имате најниска реализација од едвај 19 проценти од проектираните капитални инвестиции“, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска.

Диме Велковски од СДСМ, пак истакна дека во ребалансот на буџетот точно се дефинирани кои суми, каде, зошто и како треба да се потрошат до крајот на оваа година и потсети и на шесте пакети антикризни економски мерки кои се за зачувување на работните места.  Според Велковски буџетот е реален, а не лицемерен.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не ја пропуштија можноста од собраниската говорница да го свртат вниманието кон последните судски пресуди, обвинувајќи за селективна правда и корумпирано правосудство, на што колегите од владејачката коалиција ги потсетија дека седницата е за усвојување на буџетот бидејќи граѓаните, фирмите и вработените со нетрпение ја очекуваат најавената помош од државата.

Според Деловникот, расправата на пленарна седница може да трае најмногу пет дена, односно веќе утре до полноќ пратениците ќе мора да го гласаат предложениот ребаланс на Буџетот.  Седницата продолжува утре во 11 часот.

По буџетот, следни за расправа ќе бидат Предлог-резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции и Предлог-законот за државјанство.

Биљана Божиновска

Ребаланс на буџет Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.