Пожар избувнал во приватен хеликоптер на атинскиот аеродром кусо пред полетувањето, а пилотот успеал навреме да го напушти хеликоптерот и да се спаси, според првичните неофицијални информации, јави дописничката на МИА од Атина.

Причината за пожарот засега не е позната, очевидци за грчките медиуми велат дека хеликоптерот почнал да полетува, но на само неколку метри паднал и се одвоил задниот дел.

Пилотот, со возило на брза помош бил пренесен во болница.