Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да почне судењето за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.
Кочан заедно со адвокатите пристигна во судот.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.
По двомесечното бегство, откако му беше одредена мерка притвор, Кочан се врати во земјава и си ја обезбеди слободата со гаранција од близу еден милион евра во движен и недвижен имот.
Фирми на Сеад Кочан и Љубисав Иванов – Ѕинго под истрага на СЈО
На 18 октомври Основниот суд Скопје 1, го прифатил обвинителниот акт за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан. Обвинението за „Труст“ е напишано на 57 страници, од кои на 50 се наведени доказите. СЈО за овој случај навело и сослушување сведоци.