Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирми на Сеад Кочан и Љубисав Иванов – Ѕинго под истрага на СЈО

15
By Нова ТВ on February 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2017 12:29

Сопственикот на фирмата „Транс Мет“, Сеад Кочан, е првоосомничен во најновиот случај „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Втор и трет осомничени се овластениот потписник на „Силекс неметали“ Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ.

Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.

Тендерот бил распишан на 7 октомври 2011 година, а биле наведени неколку услови кои фирмите што сакале да аплицираат за зделката требало да ги исполнуваат.

Осомничениот Кочан како доказ за поседување на градежна механизација, кој бил еден од условите за учество во тендерската постапка, доставил лажни документи дека поседува повеќе градежни машини. Тој, како што соопшти обвинителката Фатиме, фалсификувал договори за наводна купопродажба и фактури дека ја набавил механизацијата, неопходна за добивање на тендерот.

Вториот осомничен, Василије Авировиќ, кој е син на екс пратеничката, Владанка Авировиќ, од социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго, исто така направил фалсификувани документи дека „Силекс неметали“ поседува градежна механизација и товарни возила за транспорт, како и лажни документи за кадровска екипираност.

Третиот осомничен Сафет Ватиќ од фирмата „Вато“ од Студеничани исто така доставил фалсификат документ дека во јули 2011 година купил дробилица за јаглен.

Сите овие документи биле доставени до ЕЛЕМ, каде комисијата извршила бодување и во конкуренција од шест фирми кои се јавиле на тендерот, зделката од 16 милиони и 260 илјади евра ја добил конзорциумот предводен од „Транс мет“ на Сеад Кочан.

Договорот со ЕЛЕМ бил склучен на 10 јануари 2012 година, а по истекот на договорот, РЕК Битола заради потреба од поголема количина на јаглен, спровел постапка за јавна набавка без објавување на оглас.

Зделката повторно била склучена со „Транс мет“ и со истата лажна документација Кочан, Авировиќ и Ватиќ добиле дополнителни милион евра.

Вкупната сума која овие три фирми ја искеширале со фалсификувана документација е 17 милиони и 200 илјади евра.

Против тројцата поднесени се кривични пријави за Злоупотреба на постапка за јавен повик, дело за кое се предвидени казни од најмалку 5 години затвор. СЈО ќе побара да им се одреди мерка притвор на две од осомничените лица.

Во прислушуваните материјали што ги објави СДСМ, во 14 „бомба“ објавени се разговори меѓу екс премиерот Никола Груевски со  поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, каде Груевски споменува „кратовчанец“ и „Сеат Ибица“.

Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека случајот е отворен врз основа на прислушувани разговори, дел кои се објавени, а дел кои јавноста не ги слушна.

Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Никола Груевски

НГ: Вчера се видов со кратовчанецот.

ВЧ: Со…?

НГ: Со кратовчанецот, од Кратово.

ВЧ: Кратовчанецот!? Ааа, да, да, да, добро, добро. Јасно ми е.

НГ: Се видел и со тебе.

ВЧ: Да беше кај мене, разговараме, му дадов некои идеи.

НГ: Се видовте и со оној…

ВЧ: Од Битола така?

НГ: …што има кола Сеат Ибица, знаеш? Сеат, Сеат Ибица….

ВЧ: А да, добро, добро.

НГ: Се видов, и двајцата….

ВЧ: Ало…

НГ: …да им помогнеш некако…

ВЧ: Па еве денеска…

НГ: Они ги вртат…они кажуваат дека најверојатно оној Страшо и тој битолчанецот дека ќе бидат…

ВЧ: Да, за тоа, да. Таму сигурно ќе се пријават, ама му реков јас дека може он слободно да се јави, да направи некои конзорциум и да се јави.

НГ: Најбоље е ти тоа да го организираш, да е предвидливо. Они се вака збунети…

Љубисав Иванов Ѕинго Сеад Кочан Силекс нематели СЈО тендер Транс мет Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.