Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, рече дека самото учество на ЕП 2020 е успех за македонскиот фудбал.
– Секоја работа околу организацијата, ФФМ ја оствари уште во декември или почетокот на годината, така што се знаеше кој, каде и што ќе работи и што ќе биде. Околу резултатите дали сме задоволни или не, ние со самото учество веќе задоволувавме се. Самото учество за нас беше предизвик. Им посакувам многу среќа на нашите фудбалери, го дадоа својот максимум. Дали искуството, дали нешто друго, резултатите беа тие што веќе ги знаете, изјави Сејдини по враќањето на репрезентацијата во Скопје.
Тој ги демантира шпекулациите дека има нарушени односи со некои од фудбалерите и со селекторот Игор Ангеловски.
– Сум кажал и претходно, односот мој како претседател е ист, како што бил и досега. Јас имам односи со сите, и со фудбалери и со селектор и со стручен штаб и со другите. Немам никаков проблем со никого, нагласи Сејдини по враќањето на репрезентација од 16. Европско првенство.