Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сенатори го прашуваат американскиот претседател за критериуми за канење земји пред Големиот Самит за Демократија

0
By Mirjana on November 10, 2021 СВЕТ
Photo: Radio Free Europe
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 10, 2021 09:43
Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Боб Менендез и уште седум други сенатори испратија писмо до американскиот претседател Џо Бајден пред Самитот за демократија, барајќи појаснување во однос на критериумите кои се применуваат при донесувањето одлуки кои земји ќе бидат поканети да учествуваат.
Сенаторите прашуваат и каква улога ќе има граѓанското општество во планирањето и спроведувањето на самитот, како и кои конкретни одговорности ќе ги преземе администрацијата за време на состанокот и што очекува од другите земји, јавува Гласот на Америка.
„Додека демократиите имаат многу облици, а некои земји имаат проблеми со консолидирање на демократските институции и практики, мора да ни биде јасно зошто ја повикавме секоја конкретна влада“, наведуваат сенаторите, кои побараа од претседателот Бајден список со поканети земји и објаснување за критериумите по кои се поканети.
Потписниците на писмото до Бајден прашаа и каква улога предвидува претседателот за Конгресот на самитот, имајќи го предвид неговиот статус како гранка на власт која во американската дипломатија е рамна на извршната, односно владата. Тие изразија очекување дека членовите на Конгресот ќе учествуваат на самитот.
Тие, исто така, изразија очекување дека учесниците на самитот ќе разговараат за сегашните демократски системи, особено во период на падот на демократијата ширум светот, наведува Гласот на Америка.
„Претстојниот декемвриски Самит за демократија претставува значајна можност да ги поддржиме нашите сојузници да се приклучат на нашите напори да ја ставиме демократијата во центарот на меѓународните односи. Унапредувањето на демократските принципи и заштитата на човековите права се, навистина, во интерес на сите наши сојузници“, додаваат сенаторите.
Покрај Менендез, писмото го потпишаа и демократските сенатори Бен Кардин од Мериленд, Тим Кејн од Вирџинија, Шелдон Вајтхаус од Род Ајленд, Брајан Шец од Хаваи, Џеф Меркли од Орегон, Рон Вајден од Орегон и Шерод Браун од Охајо
Бајден Самит Демократија Сенатори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.