По вчерашниот референдум организиран од страна на Студентскиот пленум на факултетите при УКИМ за статусот на Студентскиот парламент, Деа Здравковска, претставник на Пленумците, вели професорите ќе мора да го слушнат гласот на речиси 3.000 студенти кои вчера излегоа и порачаа дека СПУКМ треба да биде организација под контрола на Универзитетот, а не невладина која сама располага со средствата од студентите, каква што е во моментов.

Во интервјуто за НОВА, Здравковска зборува за целта да се организира еден ваков референдум, „часот по демократија како се организираат избори“ кои го одржаа и предизвиците со кои се соочуваат по референдумот.