Сензација во четврт-финалните мечеви на Суперкуп турнирот во АБА лига. Дебитантот во регионалната кошаркарска елита, екипата на Приморска ја порази Црвена звезда со 88:82 и обезбеду дуел со Партизан во полуфиналето. „Црно-белите“, пак, во четврт-финалето го совладаа тимот на Мега Бемакс со 86:73.
Најефикасен играч на Приморска беше Јагодиќ-Куриџа со 18 поени, двоцифрени беа и Херис со 14 коша и Холт со 10. Лидер кај кошаркарскиот владетел на Јадранот беше Давидовац со 15 коша.
Екипата на Приморска беше „џелат“ и на МЗТ Скопје во финалето на плејофот во АБА 2 лигата за пополнување на регионалната елита.