Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сензација во Њујорк: Јапонската тинејџерка Осака подобра од Кербер

0
By Нова ТВ on August 29, 2017 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наоми Осака (19) е спортска личност број еден во светот вечерва. Јапонската тинејџерка ја направи најголемата сензација на Ју-Ес опен и уште во првото коло го присвои највредниот скалп на женскиот дел на турнирот во ликот на Анџелик Кербер. Девојката која носи презиме како и градот во кој е родена ја „збриша“ бранителката на титулата со 6:3, 6:1 за дуел со Алертова или Петерсон во втората рунда.

На првото соочување во кариерата со фаворизираната Германка, Осака излезе „заклучена во себе“, наполнета со сиот арсенал на оружје со кој располага, вклучувајќи го и нејзиниот концизен бекхенд, со нивелирано ниво на игра и покерашки израз на лицето. Но, не блефираше.

Кербер, пак, од друга страна и потфрли во многу аспекти во нејзината игра. Само во првиот сет нанижа три двојни сервис грешки и, речиси, ја „искина“ мрежата додека 19 годишната ривалка остана „ладна“ и на земја и покрај водството и фактот дека се ѝ поаѓа од рака.

„Овој терен не ми остана во добро сеќавање од лани, се надевам дека сега успеав да ги прекријам лошите спомени“, рече смирено Осака по триумфот над Кербер алудирајќи на ланскиот пораз на „Артур Еш“ од Медисон Киз 7:5, 4:6, 7:6 и покрај водството со 5:1 во третиот сет.

По првиот освоен сет, Осака продолжи како програмирана и во наредниот и целосно ја фрли во сенка германската тенисерка која во отсуство на Серена Вилијамс, па и ако сакате Викторија Азаренка, многумина ја гледаа за најсериозна претендентка за тронот. Јапонката имаше 22 директни поена наспроти деветте на Кербер која во наплив на фрустрации се повеќе се заплеткуваше во сопствената немоќ, нервозно го удираше рекетот и гласно си збореше себеси меѓу поените.

Осака лани прогласена за најдобра тенисерка во доаѓање на ВТА турот

Триумфот над Кербер е само еден од низата резултати на Осака во последно време што се вредни за истакување. Лани го забележа најдоброто рангирање на ВТА листата (40 место) и беше прогласена за најдобра тенисерка во доаѓање на ВТА турот за 2016 година. Оваа сезона, пак, стигна до трето коло на Вимблдон и на Мастерсот во Индијан Велс.

Женскиот дел на Ју-Ес опен е „отворен“ како никогаш досега, а турнирот штотуку почна. Бранителката на трофејот е во аут, настапот во Њујорк го завршија и втората носителка Симона Халеп и шестата носителка Џоана Конта, а Серена Вилијамс е бремена и пред породување.

Тронот на Флешинг Медоу оваа година се претвори во игра за секоја тенисерка. Кој знае можеби е одлична прилика за неверојатен кам-бек на Марија Шарапова или втора гренслем победа за Гарбиње Мугуруза во сезоната. Или некоја од тенисерките што би можела до површина од втор план како Петра Квитова на пример.

Ју-Ес опен – натпреварувачки ден 2

Жени, 1 коло

Ка. Плишкова (1., Чешка) – Линет (Полска) 6:2, 6:1

Осака (Јапонија) – Кербер (6., Германија) 6:3, 6:1

Стрицова (23., Чешка) – Дои (Јапонија) 6:1, 6:3

Викмаер (Белгија) – Цуренко (28., Украина) 6:3, 6:1

Кирстеа (Романија) – Керхове (Холандија) 6:1, 6:3

Анџелик Кербер Ју-Ес опен Наоми Осака тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.