Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сербос: Преспанскиот договор е историски пробив важен за двете држави

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оптимист сум дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент како историски пробив, важен не само за двете држави, туку и за осигурување на безбедност во еден проблематичен регион, вели Сотирис Сербос од Демократиус Универзитет на Тракија – Грација, кој денеска во Скопје учествуваше на стручната расправа на тема „Придобивките за Република Македонија од евроатлантските интеграции“ во организација на Инфоцентарот за евроатлантски интеграции и Факултетот за безбедност – Скопје.

За него Преспанскиот договор ги отвори европските и евроатлантските перспективи на Македонија Сега на земјата и претстои долг и тежок пат кој бара активно учество на Владата и на граѓанското општество, од доле до врвот, во чиј фокус се владеењето на правото, фундаменталните слободи, демократијата и справувањето со корупција и организиран криминал.

-Македонија веќе направи конкретни чекори во вистинската насока и сметам дека по реализацијата на Договорот од Преспа и кога ќе добиете датум за пристапни преговори веќе ќе го имате активирано механизмот за почнување на процесот на европеизација и целото општество ќе биде охрабрено да се инволвира. Оптимист сум дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент како историски пробив, важен не само за двете држави, туку и за осигурување на безбедност во еден проблематичен регион. На јавното мислење треба да се работи со дебати со оглед на долгогодишната пропаганда но и дека станува збор за чувствително прашање, вели Сербос.

Грција влегува во предизборен период и затоа Сербос предупредува дека не треба да изненадуваат одредени тонови и изјави, особено од партиите кои сега се против Договорот, но ден по изборите ќе се покаже оптимизмот од повеќето страни. Во предпристапниот период за Македонија мора да се засили соработката не само меѓу политичките и бизнис елити туку целите општества по годините недоразбирања. Македонија и Грција треба да станат стратегиски партнери корисни за цел Западен Балкан.
Според Никола Дујовски деканот на Факултетот за безбедност во Скопје, со ратификацијата на Договорот од Преспа и неговата имплемнтација Република Македонија ќе ги заокружи процесите за членство во НАТО од што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. Во однод на реформите во безбедносната сфера, смета дека претстои уште работа.

-Има уште многу работа. Во изминатата година во МВР и во целина во безбедносниот сектор се случија значајни поместувања. Се донесоа Законот за следење на комуникациите и Законот за Оперативно-техничката агенција -ОТА. Наскоро ќе биде донсен и законот за рефгорма на УБК што ќе води кон тоа дека ќе се релаксираат сопстојбите во безбедносниот сектор и Република Македонија ќе може да пристапи кон исполнување на другите обврски од сетотот на активности во областа на бнезбедноста кои ќе значат релаксирање на состојбите воопшто во општеството. Ако имаме посигурно општество, ако сите бидеме сигурни дека тој систем функционира можеме да се насочиме на другите позначајни прашања, рече Дујовски.

Грција Договор Македонија Сербос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.