Американската тенисерка Серена Вилијамс објави денеска дека не успеала навреме да закрепне од повредата на препоните и поради тоа е принудена да го откаже настапот на грен-слем турнирот УС Опен што започнува идната недела.

– По внимателно разгледување и слушање на препораките од докторот и медицинскиот тим, донесов одлука да се повлечам од УС Опен за да му дозволам на моето тело во целост да се рехабилитира од повредата на препоните, објави 39-годишната Серена Вилијамс.

Американската тенисерка, која досега во кариерата освои 23 грен-слем титули, поради повредата мораше да го предаде дуелот од првото коло на Вимблдон против Белорусинката Алиаксандра Саснович.