Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серијалот за починатите бебиња на ГАК ја доби првата награда на СЕMМ

0
By Нова ТВ on September 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 29, 2017 13:37

Серијалот за скандалот на скопска гинекологија откако лекари вработени на Клиниката споделија со јавноста дека 80-тина новороденчиња починале за шест месеци во болницата, објавен во шест стории во „Фокус“ на новинарката Ирена Мулачка ја доби првата награда за најдобра новинарска сторија на првиот конкурс на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) за новинарски трудови од областа на општествено-социјалниот живот.

Втората награда  ја доби новинарот Никола Здравковиќ за прилогот за самохрана мајка со наслов „Семејна  трагедија ја остави без парче леб Гордана Славковиќ“ објавен во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, а третата награда ја делат новинарите Мирјана Мирчевска-Јовановиќ за серијалот прилози за малиот Иван и неговата баба, емитуван на ТВ Канал 5 и Марјан Николовски за прилогот со наслов „Можат ли  верските заедници да ги тргнат сите бариери за непречена молитва“ објавен во емисијата „На иста страна“ на ТВ Сител.

СЕЕМ додели и две пофалници – на Зоран Јовановски за ТВ-прилогот „Да прогледаат тие што треба да видат“ од проектот  „360 степени“ на ТВ Алсат и Маја Раванска за текстот „Македонскиот Стивен Хокинг задушен во стегите на неинклузивно општество“ објавен во списанието „Лице в лице“.

Одлуките ги донесе тричлено жири во состав Жанета Трајковска, Зоран Иванов и Бардуљ Заими. Според жирито, годинава биле пријавени повеќе новинарски приказни со забележително квалитетна обработка, кои адресираат важни теми од јавен интерес, како и трудови кои ја разбранувале јавноста и поттикнале решенија на одредени општествени проблеми.

Наградите на новинарите им ги врачи амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар кој истакна дека сториите ги промовираат човековите права на ранливите групи и дека наградите се признание за професионализмот на авторите.

– Ова е признание за новинарите кои даваат свој придонес во подобрувањето на квалитетот на животот на луѓето, како и нивните права да бидат почитувани. Ние постојано во минатото повторувавме за важноста на професионалното новинарство и улогата на медиумите во обезбедување сигурни, плуралистични, објективни информации, за потребата за подобрување на работните услови на новинарите, како и за саморегулацијата, за да се пренебрегнат етичките предизвици. И сето ова се уште важи, и ден-денес… Медиумите треба да ја земат државата за одговорна, а истражувачкото новинарство треба да се зајакне во медиумските куќи, рече Жбогар.

СЕММ првпат годинава ги доделува наградите, а отворениот јавен повик важеше за сите редакции кои објавиле прилози од оваа област меѓу 1 мај 2016 и 31 мај 2017 година.

Марина Тунева, извршен директор на СЕММ, е задоволна од бројот на пријавени трудови и истакна дека ќе се залагаат конкурсот да стане традиционален со цел да се поддржи професионалното и етичко новинарство.

конкурс награди СЕЕм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.